ЛЕ и ЛК: Барса ја чека ПЕКОЛ на Босфор, Ц. Звезда “брка“ три разлика, Рома и Лестер „сигурни“…

88

Вечерва се играат реваншите од осминафиналето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако дека најинтересно ќе биде на Босфорот, каде во Истанбул гостите од Каталонија ги чека вистински пекол. Имено Барса му го гостува на Галатасарај. Турците по тие 0:0 на “Камп Ноу“ и тоа како сакаат пласман во четвтртфиналето.

Ц. Звезда на “Маракана“ во Белград ќе мора да “брка“ три разлика. Тие 0:3 од Глазгов се огромна предност за Глазгов Ренџерс, но “црвено – белите“ верваат во чудо.

Да потсетиме дека поради суспензијата на руските клубови, нема да се игра мечот меѓу Спартак Москва и Лајпциг. Германците се веќе во следната четвртфинална фаза.

Image

Во Лигата на Конференции се чини дека Рома и Лестер нема да имаат големи проблеми за да изборат пласман во четвртфиналето. Тимот на Жозе Мурињо на првиот меч успеа како гостин да го победи Витезе, па така вечерва во Рим домашната Рома е голем фаворит.

Лестер гостува кај Рен, но има одлична предност од првиот меч со 2:0, па така и тимот од Премиер-лигата би требало да оди натаму.

ПретходноРакометарите на домашен терен се непобедливи, последен пат биле поразени во 2015 година
СледноВтор пораз на Македонија од Црна Гора