Миркуловски: За Талески треба да има овации и кога не му оди!

263

Филип Талески го одигра најдобриот меч во дресот на македонската репрезентација. Нашите момци ја совладаа Романија со 30-22, а Талески со десет гола од 13 обиди беше прв стрелец. Неговото блескаво издание беше наградено со овации од страна на публиката.

Според еден од најискусните во редовите на македонската репрезентација, Филип Миркуловски испрати силна поддршка, потенцира дека Талески мора да се поддржува и кога не игра добро.

„Публиката треба го подрржува Талески постојано и кога има слаб ден. Тале има квалитети, игра во две насоки, само му треба поддршка за да добие на самодоверба. Ќе биде врвен играч“, реле Миркуловски.

Талески пет гола имаше во првото полувреме, и исто толку постигна во вториот дел.

ПретходноКЛ: Лестер на „мускули“, Бодо по продолженија го мина АЗ Алкмар (ВИДЕО)
СледноВтор пораз на битолчани: Лидерот потклекна пред Работнички