Одредени домаќините на финалните групи од Дејвис Купот

121

Групната фаза од финалето на Дејвис купот за 2022 година ќе се одржи во Болоња, Глазгов, Хамбург и Малага во септември, објави денеска Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Во финалната рунда, 16 репрезентации ќе се натпреваруваат во групи во секој од четирите градови. Тие ќе се состојат од 12 победнички тимови од квалификациите, плус Хрватска која автоматски избори пласман во финалето како минатогодишен финалист и Србија и Британија кои добија „вајлд-карти“.

Русија нема да може да ја одбрани титулата откако ИТФ ја суспендираше заедно со Белорусија. ИТФ објави дека заменското место за „вајлд-карта“ и е доделено на Канада, која загуби со 4-0 од Холандија во квалификациите.

ПретходноПасквал: Македонија беше подобра од нас, но резултатот не е реален!
СледноАјвоби го чува Евертон подалеку од „црвената зона“ во Премиерлигата (ВИДЕО)