Тотенхем синоќа на гости го совлада Брајтон со 2-0 во заостанат меч од 16. коло во Премиер-лигата.
Harry Kane’s 95th Premier League away goal 👏 pic.twitter.com/qhOfn7dM7I
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) March 16, 2022
Тотенхем синоќа на гости го совлада Брајтон со 2-0 во заостанат меч од 16. коло во Премиер-лигата.
Лондонскиот клуб успеа да дојде до нови три бода и остана во битка за местото кое на крајот на сезоната води во Лигата на шампиони.
Во центарот на вниманието на оваа средба се најде Хари Кејн, кој во 57. минута стави точка на дуелот. Откако погоди за 2-0, следеше шоу. Еден од навивачите на Тотенхем од трибините фрли шише „Кока Кола“, Кејн го дочека со волеј, со што ги воодушеви фановите на својот клуб.
Harry Kane’s 95th Premier League away goal 👏 pic.twitter.com/qhOfn7dM7I
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) March 16, 2022