„Пекол“ за Романија во Скопје, билетите се РАСПРОДАДЕНИ!

632

Македонската ракометна репрезентација ги има сите предуслови за да победнички тргне во првиот бараж за пласман на Светското првенство 2023 година. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Романија, првиот дуел се игра вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“.

По повеќе од две години нашите момци ќе играат пред публика, и тоа пред речиси полни трибини, колку што е дозволен капацитет во време на пандемијата Ковид-19.

На два и пол часа пред почетокот на оваа средба билетите се распродадени, па Романците ги чека вистински „пекол“ во Скопје.

Секоја чест за навивачите, им ја исполнија желбата на ракометарите пред полни трибини да влезат во новата битка за место на уште еден Мундијал.

Реваншот меѓу Македонија и Романија се игра за два дена во Букурешт, подобриот од оваа средба ќе игра против Чешка.

ПретходноУкраина најверојатно се откажува, Македонија со шанса за пласман во баражот
СледноПСЖ „пука по шавови“…. навивачите го „бркаа“ Курзава кој едвај се спаси (ВИДЕО)