Познат е составот на нашата ракометна селекција во пресрет на вечерашниот дуел со Романија, тоа е бараж за пласман на СП.
Како што и се очекуваше и најавуваше, селекторот Кире Лазаров ќе биде во составот, секако дека тука ќе биде и Филип Миркуловски, со него добиваме на искуство и квалитет, за капитенот и селекторот не треба да се трошат зборови што тој значи за нашиот тим.
Во составот е и Павле Атанасијевиќ кој ќе го има своето деби, но надвор од ростерот се Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ и Игор Ѓорѓиев.
Мечот почнува во 19 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.