Тухел по историскиот триумф: Ви благодарам што ми ја уништивте вечерта

7499

Со победата над Лил (2:1) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, Челзи успеа да се протне, а тренерот на актуелниот европски првак направи потфат за историја. Томас Тухел со својата 32. победа во Лигата на шампиони го израмни рекордот на Јуп Хејнкес, како тренер со најмногу победи во првите 50 натпревари во историјата на најсилното клупско натпреварување, но по триумфот за аналите се судри со суровата реалност.

А таа вели дека Челзи е под санкции откако на удар се најде газдата Роман Абрамович. ЕУ и Велика Британија ги блокираат руските олигарси како притисок врз Владимир Путин поради агресијата во Украина. Абрамович не може да го продаде клубот, а УЕФА не дозволува продажба на влезници за четвртфиналето во ЛШ.

На новинарското прашање како го гледа Челзи во следната рунда, Тухел кратко одговори:

„Ви благодарам што ми ја уништивте вечерта“, изјави Тухел.

ПретходноЛШ: Познати се сите четвртфиналисти, в петок во Нион ждрепката за оваа фаза, но и за полуфиналето
СледноАсистенција на Дончиќ за победа со звукот на сирената, историска вечер за Јокиќ (ВИДЕО)