ТФТ немоќен против Балкан во втората фаза на БИБЛ

101

Екипата на ТФТ не успеа да ја забележи првата победа во втората фаза од БИБЛ лигата откако денеска во СРЦ „Кале“ доживеа пораз од бугарски Балкан од Ботевград со 82:97.
ТФТ добро се држеше во првата четвртина, но втората доживеа потоп (19:31), па на полувреме гостите имаат предност од +14 поени. Скопскиот тим возврати со добра игра во третиот период кога ја преполови предноста на гостите, но во завршницата немаше сили за пресврт. Всушност Балкан добро ја одигра завршницата и убедливо ја доби, на крајот ги однесе бодовите.
Кај македонскиот тим Ландриус Хортон постигна 19 поени, пред Михаел Нвазубор со 14 поени и Виктор Ташовски со 12 поени.
Следниот меч на ТФТ е на 24 март на домашен терен против Макаби Хаифа.

ПретходноЛазаров му ја предаде капитенската лента на Стоилов!
СледноКако некогаш – грми во „Борис Трајковски“ (ВИДЕО)