Репрезентацијата на Македонија до 21. година е на средина од квалификацискиот циклус за следниот европски шампионат во кој во моментов сме трети на табелата со шест освоени бодови. Нашиот национален тим следната недела заминува во Србија каде што на стадионот на Вождовац на 24 март играме против домаќинот, а потоа пет дена подоцна на 29 март на домашен терен против Фарските острови.
Ние оваа камшања резултатски досега можеме да ја оцениме како средно успешна затоа што испштивме на неколку наврати важни поени и на домашен терен и на гости. Сепак, ситуацијата во Украина и конфликтот кој таму во моментов се одвива нам ни отвора една врата на која реално никој не се надеваше.
Имено, оваа репрезентација која е втора во групата во моментов, со 13 бодови три помалку од лидерот Франција, 99% ќе се повлече од понатамошно натпреварување во овој циклус, а причините се добри познати. Реално Украина нема како да ги доигра мечевите од овие квалификации, особено што огромен број на нивните репрезентативци настапуваат во домашниот шампионат. Тоа значи дека во моментов ниту се во тренажен процес, ниту пак се знае кога ќе бидат повторно.
Спортмедиа дознава дека УЕФА во моментов ги разгледува опциите, Украина сите четири преостанати мечеви од оваа група да ги одигра во репрезентативниот прозорец во јуни, односно од 2 до 14 тој месец, но големо е прашањето дали и тогаш ќе постојат услови за такво нешто, и дали останатите селекции, противниците на тие мечеви ќе се согласат на такво нешто. Останува и отворено прашањето што со веќе одиграните мечеви на Украина во групата и бодовите освоени од нив. Македонија одигра 1:1 во Скопје.
Доколку Украина дефинтиивно се откаже, шансите на Македонија да заврши втора во групата се огромни, и со самото тоа да биде дел од баражот за пласман на континенталниот шампионат. Само треба максимално да се посветиме на следните мечеви, (четири до крајот, од кој едниот е токму против Украина), и да чекаме расплет на ситуацијата кој најверојатно ќе биде на зелената, маса односно ќе биде административен.