Фетел поради корона го пропушта стартот на сезоната во Формула 1!

83

Лоша вест за некогашниот светски првак во Формула 1 Себастијан Фетел. Имено Германецот е позитивен и тој ќе мора да го пропушти стартот на новата сезона, односно трката во Бахреин викендов, со што и почнува сезоната во Ф1.

Возачот на Астон Мартин е тестиран, и тестот покажал дека е позитивен, ова официјално го објави неговиот тим. Место него во Бахреин ќе вози Нико Хулкенберг.

Првиот официјален тренинг ќе биде утре во 13 часот.

ПретходноФановите на Галата утринава во 03.46 часот со спектакл пред хотелот на Барса во Истанбул! (ВИДЕО)
СледноБлизу 9.000.000 ДЕНАРИ во Мислешево за првиот роденден на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ