Шпанскиот гигант Реал (М0 подготвува подолг список за „чистка“ ова лето. И покрај одличната сезона, претседателот Флорентино Перез и неговите први соработници сметаат дека дел од ангажираните фудбалери нема што повеќе да му дадат на клубот, па затоа ќе одат на продажба.
Според „Марка“, Перез разговарал за иднината на тимот со извршниот директор на клубот Хозе Санчез. На состанокот било одлучено дека Реал Мадрид треба да направи се за да ги продаде играчите од средниот ред Еден Азар и Дани Себаљос, напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ и дефанзивецот Хесус Ваљехо.
Активноста на Реал Мадрид на трансфер пазарот ќе зависи и од нивната продажба. Доколку клубот успее да заработи, тогаш приоритетна опција за Мадрид е трансферот на дефанзивецот на Монако, Аурелиен Чуамени.