По осум последователни порази во сите натпреварувања, кошаркарите на Работнички успеаја да слават против лидерот во домашното првенство пелистер со 95:89 во меч од 19. коло. Момците од Градски Парк, ја прославија само осмата сезонска победа, втора во последните 10 меча.
Работнички одигра одличен меч и во ниту еден дел од средбата не му остави простор на гостинот да направи продор кон 18-тата победа сезонава. По нерешените 19:19 во првиот период, Работнички ги доби втората и третата четвртина, за во финалниот период Пелистер да тргне поцврсто, но на крајот не успеа да го прекрши мечот во своја полза.
Двоецот Едвин – Балмазовиќ одиграа фантастичен меч во кој постигнаа повеќе од половината од поените на Работнички. Едвин заврши со 31, а Балмазовиќ со 25 зад своето име. Кај Пелистер Кесар беше најефикасен со 25.