Исмаили: Секој меч за нас е финале

401

Лидерот на прволигашката табела во ПМФЛ, тимот на Шкупи в петок го игра мечот од следното коло на гостувањето кај Струга Трим Лум. Исклучително тежок и воедно и важен меч за Чаирчани кои мора до крајот на сезоната да бидат на највисоко ниво, ако сакаат да го подигнат шампионскиот пехар.

„Во Струга ќе одиме на победа и за тоа не се разговара. Работевме континуирано и максимално сме подготвени за следните три бода. Неколку пати кажавме дека секој натпревар ќе биде финале. Струга има добар тим со добри играчи, но ние сме Шкупи и одиме во Струга на победа“ – изјавува Фати Исмаили, играчот на Шкупи пред дуелот со Струга Трим Лум. 

 

ПретходноПортугалија со големите звезди, но без Витиња
СледноУкраина најверојатно се откажува, Македонија со шанса за пласман во баражот