Австрискиот скијач Винсент Крихмаер победи на последниот супервелеслалом во сезоната, трка што се одржа денеска во француски Куршевел.
За 30-годишниот Австриец ова беше 11. победа во кариерата. Шестпати беше најдобар во супервелеслалом и петпати во спуст.
Второто и третото место на подиумот им припаднаа на Швајцарците Марко Одермат, кој заостана 53 стотинки и Џино Кавизел со 75 стотинки зад победникот.
Претходно Одермат го обезбеди големиот Кристален глобус во Светскиот куп, а малиот Кристален глобус во супервелеслалом му припадна на Норвежанецот Александар Килде.