Филип Талески го одигра најдобриот меч во дресот на македонската репрезентација. Нашите момци ја совладаа Романија со 30-22, а Талески со десет гола од 13 обиди беше прв стрелец. Неговото блескаво издание беше наградено со овации од страна на публиката.
Според еден од најискусните во редовите на македонската репрезентација, Филип Миркуловски испрати силна поддршка, потенцира дека Талески мора да се поддржува и кога не игра добро.
„Публиката треба го подрржува Талески постојано и кога има слаб ден. Тале има квалитети, игра во две насоки, само му треба поддршка за да добие на самодоверба. Ќе биде врвен играч“, реле Миркуловски.
Талески пет гола имаше во првото полувреме, и исто толку постигна во вториот дел.