Македонската ракометна репрезентација ги има сите предуслови за да победнички тргне во првиот бараж за пласман на Светското првенство 2023 година. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Романија, првиот дуел се игра вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“.
По повеќе од две години нашите момци ќе играат пред публика, и тоа пред речиси полни трибини, колку што е дозволен капацитет во време на пандемијата Ковид-19.
На два и пол часа пред почетокот на оваа средба билетите се распродадени, па Романците ги чека вистински „пекол“ во Скопје.
Секоја чест за навивачите, им ја исполнија желбата на ракометарите пред полни трибини да влезат во новата битка за место на уште еден Мундијал.
Реваншот меѓу Македонија и Романија се игра за два дена во Букурешт, подобриот од оваа средба ќе игра против Чешка.