ПОЛУВРЕМЕ: Македонија води со плус три против Романија

172

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Романија има водство од 16-13. Можеше да биде и повеќе, избраниците на Кирил Лазаров не ги казнија грешките на противникот.

Почнавме во нападот со Талески, Кузмановски, Јагуриновски, Пешевски, Георгиевски и Кузманоски, на голот Митревски.

Лесно го отворивме мечот, но потоа и брзо паднавме, одбраната потфрли. Романија е далеку од нивото на Македонија, мора дефанзивата да се стегне во вториот дел, за мирен финиш во Букурешт.

Со головите на Талески и (два) на Кузмановски, одбрана на Митревски, Македонија поведе со 3-0 по две и пол минути игра, имаше и предност од четири (6-2) во седмата и во деветата минута (7-3). Цветан Кузманоски промаши седмерец, па Романија казни со два гола за 7-6 во 11 минута.

Лазаров влезе во игра, наместо да продолжиме во силно темпот, одбраната беше далеку од посакуваното ниво. Гостите во 17 минута успеаја и да израмнат на 10-10.  Два гола на Лазаров не дигнаа на плсу два (12-10).

Романија одново дојде на минус еден (12-11), но токму по овој резултат, ракометарите се издигнаа. А тука за тоа беше задолжен најдобриот, Лазаров го повлече тимот. Со головите на Кире и еден на Ојлески, една одбрана на Митревски и една на Томовски (седум метри), поведе со четири гола (15-11) во 26. минута.

На полувремето Македонија има предност од 16-13.

Митревски има пет одбрани, Лазаров и Талески имаа по пет гола, Кузмановски четири. По еден гол има Ојлески и Пешевски.

ПретходноВориорс без Стеф Кари до плеј-офот
СледноВиљареал со пласманот во 1/4 финалето си ќари 50 милиони евра!