Мечевите од 20.коло во двете втори лиги се играат в недела. Интересни мечеви на кои на дел од нив ќе судат едно од нашите најдобри судии. Па така битката за Охрид, на која силите ќе ги одмерат Охрид и Воска, ќе ја суди Игор Стојчевски од Скопје. На Вардар на гости во Велешта ќе му суди Влатко Илиоски од Прилеп.
Јован Качевски од Струга ќе им суди на Детонит и Победа, додека Јосип Бартон ќе биде на “центарот“ на мечот меѓу Кожуф и Слога (В).
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 20.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (НЕДЕЛА 15 Ч)
Гостивар – Беса: Марјан Младеновски (Скопје)
Кадино – Тетекс: Спире Арсов (Кочани)
Велешта – Вардар: Влатко Илиоски (Прилеп)
Охрид – Воска Спорт: Игор Стојчевски (Скопје)
Кораби – Силекс: Александар Урошевиќ (Тетово)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 20.КОЛО ВО ВМФЛ – ИСТОК (НЕДЕЛА 15 Ч)
Осогово – Пехчево: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
ТИМ Локомотива – Саса: Александар Василевски (Скопје)
Братство – Беласица: Благојче Ралевски (Битола)
Детонит – Победа: Јован Качевски (Струга)
Кожуф – Слога (В): Јосип Бартон (Скопје)