Шпански Сосиедад остана без капитенот Микел Ојарзабал кој ќе го пропушти остатокот од сезоната, а можеби и стартот на идната. Неговиот настап на СП во Катар е под прашалник затоа што се работи за тешка повреда, кинење на лигамент на левото колено и ќе мора да оди на операција.
Најдобриот играч на Сосиедад и шпански репрезентативец се повреди за време на тренинг, а од клубот искажаа жалење за тоа што се случи.
Ојарзабал има 24 години, потекнува од младинската екипа на Сосиедад, а во 2015 година дебитираше за првиот тим. За Шпанија има 21 настап и 6 голови.