Браво: Федерер донираше 500.000 долари за децата во Украина

110

Убав, супер гест на Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери во историјата. Имено ужаснат од сите случувања во војната во Украина, тој одлучил да донира 500.000 долари за децата во таа земја, врз која е извршена агресија од страна на Русија.

Моето семејство и јас сме ужаснати од се она што се случува во Украина. Нашите срца се скршени поради тоа што им се случува на невините луѓе. Повикуваме на мир, околу 6 милиони деца во Украина не можат да одат во училиште. Сакаме преку нашата фондација да донираме 500.000 долари за децата, со цел да им обезбедиме пристап до образование за тие деца“ истакна Швајцарецот.

ПретходноСо селфи поздрав од Струга: Шкупи е на +13, Адетунџи е ТОП “бомбардерот“ во ПМФЛ!
СледноСП во Белград: Стојоски не успеа да ја мине квалификациската група на 400 метри