Србија следната фудбалска сезона 2023/24 година ќе има два претставника во Лигата на шампионите, благодарение на обезбеденото 11. место на ранг листата на УЕФА.
Шампионот од српската Суперлига ќе оди директно во групната фаза од најсилното клупско натпреварување, додека второпласираниот тим низ квалификациите ќе се бори да стигне до завршната фаза на најелитното натпреварување.
Црвена звезда и Партизан го завршија настапот на европската сцена, но двата српски клуба оваа сезона придонесоа српскиот фудбал да се искачи на 11-та позиција на листата на УЕФА со 33.375 бодови, по новите 1.500 што ги донесе Црвена звезда со синоќешниот триумф над Ренџерс.
Ваквиот расплет дојде по испаѓањето на Базел и Гент од европската сцена, па Швајцарците и Белгијците повеќе не можат да ја минат Србија. Исто така, Грција нема шанси да ја престигне Србија по бројот на бодови, дури и ако ПАОК ја освои Конференциската лига.