Реал си договори прво засилување, но се зависи од Халанд

452

Реал Мадрид по се изгледа веќе успеал да се договори со дефанзивниот играч за врска на Монако, Аурелиен Чуамени. Како што пишува „Марка“, кралскиот клуб ги договори условите од личниот договор со 22-годишниот играч за врска на француската репрезентација, но трансферот ќе биде условен од евентуалното доаѓање на Ерлинг Халанд во Мадрид.

Монако сака 50 милиони евра за него и уште 15 милиони евра бонуси, но до трансфер нема да дојде доколку напаѓачот на Борусија, Ерлинг Халанд се пресели во Реал Мадрид.

Доколку зделката за Норвежанецот не се оствари, тогаш Французинот речиси сигурно на лето ќе биде дел од мадридскиот клуб.

ПретходноПристигнаа во Букурешт: Одлично расположение, но цврсто газиме на земја (ФОТО)
СледноЧелзи – Реал Мадрид во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите