Александер Арнолд со повреда на тетивата

106

Лоши вести од таборот на тимот на Ливерпул.Стандардниот век на тимот од Енфилд, Тренд Александер Арнолд има повреда на тетивата и ќе мора да паузира неколку недели.
Дефинитивно го пропушта дуелот од ФА купот, четвртфиналето против Нотингем Форест, но и мечевите на репрезентацијата на Англија, чиј што повик овојпат ќе мора да го пропушти.

„Вестите не се добри, но ќе видиме колку време ќе потрае. Тешко е да го замениме, но имаме алтернативи. Ги имаме Џејмс Милнер и Џо Гомез . Трент ни е многу важен, но Милнер во неколку наврати се снајде многу добро на таа позиција. Ќе видиме како ќе се чувствува во недела. Мо исто така почувствува нешто во ногата по натпреварот. Ни треба малку среќа со повредите“ – изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. 

 

ПретходноЖалбата одбиена, Русија дефинитивно во „аут“ за Мундијалот во Катар
СледноЛига Европа 1/4 финале: дербито е Ред Бул Лајпциг – Аталанта