Конзорциум, предводен од некогашниот фудбалери и капитен на лондончани, Џон Тери, ќе се обиде да купи удел во Челзи.
Тери, заедно со поранешната фудбалерка на Челзи, Клер Реферти, го предводат конзорциумот наречен „True Blue“ и се обидуваат да купат 10% од акциите во клубот. Организацијата има понуда од 250 милиони фунти.
Тие сигурно нема да можат да го финансираат целиот договор, па ќе мора да поднесат заедничка понуда за купување на Челзи со некој од американските, британските или саудиските милијардери.
Во „True Blue“ не се вклучени само Тери и Реферти, туку и неколку познати британски бизнисмени и банкари.
Конзорциумот предводен од Тери планира да воведе токени во вредност од 100 фунти за навивачите.