Откако стана и официјално потврдено дека мечот од баражот за Светското првенство во Катар меѓу Италија и Македонија ќе се одигра пред полн стадион, италијанските здравствени власти потсетија дека во сила се уште се дел од одредбите за заштита од Ковид-19.
Како што објавија од Министерството за здравство на Италија, на стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде задолжително носење на маски и тоа оние од типот FFP2.
„Маската FFP2 ќе остане задолжителна до 30 април за спортски натпревари на отворено и затворено. Од 1 април нема да има обврска за Green Pass за активности на отворено и за тимски и контактни спортови“, потенцирале од тамошното министерство.
Максимален капацитет на трибините на стадионот во Палермо е околу 36.000 места и се очекува истиот да биде полн до последно место.