Конференциска лига 1/4 финале: Олимпик Марсеј – ПАОК, дуел на теренот, но и дуел на трибините

220

Последната ждрепка денеска која ја организираше УЕФА беше да се добијат двојките во 1/4 фаза од Конференциската лига. Убедливо најинтересен меч ќе  биде оној помеѓу екипите на Олимпик Марсеј и ПАОК, кој се познати како клубови со исклучително жестока навивачка позадина. Тоа ќе биде не само дуел на теренот, туку и на трибините. Лестер ќе ги одмери силите со ПСВ Ајндховен, додека пак големото изненадување, Норвешкиот тим Бодо/Глимт ќе се сретне со Рома. Феенорд и Славија Прага е последната двојка.

Победникот од мечот Лестер – ПСВ Ајндховен ќе биде домаќин на победникот од мечот Бодо/Глимт – Рома во следната фаза. Подобриот од мечот Феенорд – Славија Прага се среќава со пободобриот Олимпик – ПАОК.

Финалето на Конференциската лига се игра на 25 мај во Тирана, Албанија

 

1/4 финале:

Бодо/Глимт – Рома

Феенорд – Славија Прага

Олимпик Марсеј – ПАОК

Лестер – ПСВ Ајндховен

 

 

ПретходноНагелсман: Виљареал е актуелен шампион во ЛЕ, не е лесно да се победи Јувентус со 0:3
СледноПолувреме: Мајсторија…Босанчиќ е „пеницилин“ за Шкупи, Адетунџи враќа…