Кузмановски: Не бевме излезени од собата за анализирање! Ќе има притисок, но дојдовме по победа!

400

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева

Иако времето за подготовка за бараж дуелот е кратко за сите репрезентации, сепак истото се користи максимално, барем кај нас е вака. ЕХФ неделата за македонската репрезентација е посветена за битка за место во последниот бараж, кој носи на Светското првенство 2023 година.

Македонија е на половина пат до Чешка. Првата средба е завршена со осум гола разлика (30-22), а до ваков триумф се доаѓа со максимална посветеност. Филип Кузмановски вели дека Романија во Скопје со ништо не ги изненадила, се подготвувале дури за најавените повредени ракометари.

„Прво би скала да се заблагодарам на публиката која беше нашиот осми играч. По две години, беше чудно. Имавме и мал притисок дека треба да се победи со што поголема разлика. Добро почнавме, направивме некоја разлика, но не стигнаа. Во 45. минута беше 21-20, потоа имавме добра серија. Не би ја коментирал нашата игра. Што се однесува со нивната… верувајте не бевме излезени од собата за анализирање. Бевме фокусирани на нивната игра до сите детали, за секој напад. Со ништо не не изненадија. Бевме спремни и за нивните повредени играчи за кои не се знаеше до последно дали ќе играат. Знаевме се, тоа го трениравме и вчера го покажавме.

Сега треба да бидеме внимателни да не ни се случи тоа што им се случи нив. Имаме цел, на овие квалификации да победиме на 4 натпревари. Ќе биде полна сала, ќе има притисок, но ќе играме како во Скопје и ќе одиме и тука на победа, изјави Кузмановски.

Нашите ракометари денеска одработија еден тренинг во Букурешт, утре во 17 часот го играат реванш мечот со Романија.

ПретходноНејмар се подготвува за спектакуларен трансфер, се сели во најбогатиот клуб во светот!
СледноВо недела почнува 73. сезона во Формула 1: Стартот е во Бахреин