Лазаров: Се обидуваме да го промениме карактерот, го немаме изградено и како репрепрезентација, и како нација!

775

Македонската ракометна репрезентација денеска (10 часот) со чартер лет заминува за Букурешт, каде утре по неполни 48 часа го игра реванш мечот со Романија. Кирил Лазаров и неговите избраници на првата средба, пред македонските навивачи славеа со убедливи 30-22, позитива која треба да биде доволна за да Македонија си закаже средба со Чешка, последна пресметка за место на Светското првенство.

Лазаров е сигурен дека предноста ќе биде доволна, не верува дека противникот има карактер да се врати од овој резултат, но предупредува дека треба да бидат внимателни. За него најважно е да се промени карактерот, не само во репрезентацијата, туку и на нацијата. Не смее да се прави еуфорија, не смее да се повтори ЕП во Унгарија.

„Јас не верувам дека имаат карактер да не добијат. И да бевме поразени тука, таму ќе одевме на победа. Се обидуваме да го промениме нашиот карактер, бидејќи се уште го немаме изградено и како репрезентација и како нација. Мислам дека со оваа репрезентација треба да се биде претпазлив бидејќи добро ја познавам, ги знам карактерите на играчите, не велам дека немаат, напротив.

Тоа ни се случи со Словенија каде што после еден тесен пораз, се дигнавме, се направи една атмосфера како да ја победивме, постанавме фаворити против една Црна Гора. Не сакам тоа да се случи сега бидејќи треба да работиме на карактерот. Треба да имаме вакви тешки ситуации, на дуелот со Романија имавме до 45. минута, едноставно публиката, искуството на Столе и дефанзивно и офанзивно, искуството на Жути, малку и јас, се надоградивме. Тие загубија глава, со нашиот квалитет и искуство придонесовме да дојде до таму. Не треба да се опуштиме, мора да размислуваме победнички, не чека полна сала во Романија. Намерно го ставија мечот за неполни 48 часа, има играчи кои се потошија, не играв со сите 16, играв со 11 играчи, се потпрев на стабилност и искуство, тоа вроди со плод“, рече Лазаров. 

ПретходноПознати сите четвртфиналисти во ЛЕ и ЛК, утре е ждрепката…
СледноНадал не знае за пораз: Шпанецот го мина Кирјос за полуфинале