Лоши за вести за Струга ТЛ, и тоа во серија. По поразот денеска од Шкупи на свој терен со 1:3, втората е дека Бесмир Бојку, еден од најдобрите играчи на овој тим ги повредил колатералните лигаменти на десната нога. Инаку Бојку уште во 8.минута мораше да го напушти теренот, а деталите за неговата повреда ќе се знаат по дополнителните прегледи кои следуваат.
Од клубот се надеваат дека сепак Бојку брзо ќе се врати во тимот.