Македонија У18 на силен турнир во Португалија

131

Младата репрезентација на Македонија во периодот од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.

Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.

Првиот дуел го играме против Словачка на 25. март со почеток од 14. часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17. часот. Два дена подоцна играме со Грузија во 11. часот.

Селекторот Неџат Шабани за претстојниот меѓународен турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Даниел Марковски, Борјан Попоски, Енис Буќи, Максим Милошевски, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани;

СРЕДЕН РЕД: Мартин Ѓоргиевски, Матеј Ангелов, Арбнор Мурати, Леонид Тасов, Матео Софијановски, Џезаир Авдули, Игор Јаневски;

НАПАД: Дашмир Елези, Бесар Гуџуфи, Михаил Талевски, Ерион Шуку, Димитар Трајков;

Собирот на репрезентација на Македонија до 18 години е закажан на 21. март, првиот тренинг е со почеток од 14:00 часот.

ПретходноЛазаров: Мора ментално да го издржиме првиот напад, Романците ќе тргнат на „јуриш“!
СледноТалески: Се наежив кога видов полни трибини, едвај чекав да заиграм!