Тимот на Баерн Минхен цво 1/4 финалето од Лигата на Шампионите ќе се сретне со големото изненадувње тимот на Виљареал. Иако се актуелни освојувачи на Лигата на Европа, сепак, шпанците ретко кој ги споменуваше како учесници во оваа фаза, особено што го елимиираа Јувентус. Тренерот на Баерн Минхен, Јулиан Нагелсман смета дека тоа што Виљареал е нивниот следен противник ни оддалеку не ја олеснува задачата.
„Виљареал е актуелен шампион во Лига Европа. Имаат многу искусен тренер и играчи. Имаат јасно дефиниран стил на игра. Да се победи Јувентус со 0:3 не е мала работа, напротив. Секако дека сакаме да стигнеме до самиот крај во Лигата на Шампионите, но прво ќе треба да играме и да победиме. Тоа треба дасе одработи на терен“, изјави Нагелсман.