Надал не знае за пораз: Шпанецот го мина Кирјос за полуфинале

161

Рафаел Надал остана непоразен од почетокот на годината и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако синоќа во четврфиналето славеше над Австралиецот Ник Кирјос во три сета со 2:1 (7-6, 5-7, 6-4). Дуелот траеше скоро три часа и му донесе нов триумф на четвртиот светски рекет, со што ја продолжи фантастичната серија од почеток на новата сезона со 19 победи во 19 натпревари.

„Мислам дека одиграв доста добро во моментов. Тешко е против Ник бидејќи многу често ја менува динамиката, а неговиот сервис е одличен, особено првиот“, изјави Надал.

Шпанецот по 11. пат се пласираше во полуфиналето во Индијан Велс, каде за противник ќе го има младиот сонародник Карлос Алкараз.

ПретходноЛазаров: Се обидуваме да го промениме карактерот, го немаме изградено и како репрепрезентација, и како нација!
СледноСадик Беј со рекордни 51 поен за триумф на Детроит (ВИДЕО)