Се чини дека Нејмар во мај – јуни, по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе си замине од ПСЖ, или пак “светците“ ќе гледаат по секоја цена да го откачат фудбалерот за кого пред неколку години платија неверојатни 222 милиони евра отштета.
За него се заинтересирани Барселона и Манчестер Сити, но Нејмар би можел да се пресели во најбогатиот клуб во светот, и тоа во Њукасл. Денеска медиумите во Англија навестуваат дека Бразилецот во Њукасл би земал далеку поголема плата отколку во Барса и Сити.
Се разбира дека ова би бил спектакуларен трансфер на Бразилецот на „Сент Џејмс Парк“.