Завршија првите 45.минути од првиот меч од 24.коло меѓу Струга Трим Лум и Шкупи. Агресивна игра, желба за отворен фудбал, убави комбинации и 1:1. Струга ТЛ поведе со мајсторскиот гол на Босанчиќ во 45.минута кога од далечина го затресе голот на гостите. Босанчиќ и тоа како знае со Шкупи. Адетунџи врати во 45+3 минута за 1:1.
Инаку првата закана ја имаа домашните и тоа во 13.минута кога Малески место да влезе во казнетиот простор на гостите, имаше отворен простор, тој се реши на удар и погреши.
Шкупи врати во 18.минута со шансата на Ѓорѓиевски, а во 25.минута тој заедно со Адетунџи не се разбраа пред голот на Талески и шансата отиде во неврат.