Пристигнаа во Букурешт: Одлично расположение, но цврсто газиме на земја (ФОТО)

891

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева


Македонската ракометна репрезентација веќе пристигна во Букурешт, каде утре ќе го играме реванш мечот од бараж дуелот за пласман на СП 2023. Со чартер лет од Скопје, избраниците на Кире Лазаров присигнаа во градот каде утре од 17 часот треба да ја потврдат скопската победа (30:22) и да обезбедат место во решавачките дуели со Чешка на патот кон мундијалот.

Репрезентативците се во одлично расположение и атмосфера, но газат цврсто по земја. Нема да ја потценат Романија, која игра на домашен терен и ќе има голема поддршка од трибините.

ПретходноКаков напредок: Србија од следната година ќе има двајца преставници во ЛШ!
СледноРеал си договори прво засилување, но се зависи од Халанд