Со попладневниот триумф кај Струга Трим Лум со 1:3, Шкупи и дефинитивно направи голем чекор кон титулата. Стружани покажаа „заби“, посебно во првиот дел, но квалитетот на чаирчани си го покажа своето во продолжението од овој прв меч од 24.коло.
Па така сега, во пресрет на утрешните мечеви, Шкупи има +13 бодови пред Академија Пандев и дури +14 бодови пред Шкендија, секако и меч повеќе.
Четата на Гоце Седлоски во изминатите 24 кола успеа да победи на 18, има само четири ремија и два порази, гол – разликата е 54:15 и освоени 58 бодови.
Сандеј Адетунџи, стрелецот на вториот гол попладнево, стигна до бројката од 17 голови, или еден повеќе од Мартин Мирчевски, кој веќе не игра во ПМФЛ, па така сега напаѓачот на Шкупи е ТОП „бомбардер“ во нашата елитна лига.