Денеска од 15 часот, меч со кој се отвора 24.коло во ПМФЛ, Струга Трим Лум на свој терен го дочекува тимот на Шкупи, лидерот на табелата и веројатно идниот шампион. Јасно е дека ова ќе биде тежок предизвик за момците на стратегот Срѓан Захариевски. Против себе ќе го имаат најдоброто во ПМФЛ, тим кој многу тешко е да се победи. Но ако ја земеме традицијата, тогаш Струга ТЛ и тоа како дбро знае како треба против тимот од Чаир. Досега овие две екипи одиграле 9 официјални мелеви, а на тие дури во четири наврати стружани победиле, додека чаирчани само двапати, а три средби завршиле нерешено.
Значи денеска Струга ТЛ со себе ќе ја има и традицијата ако нешто значи тоа. Од друга страна сезонава Шкупи е нешто друго, атакува на титулата, но сепак, еден од тие два порази доживеан е во Струга и тоа 4:2.
Ако се знае дека пролетва стружани немаат блескави резултати,тогаш со евентуален пораз би можеле да се приближат до оние места на табелата кои водат во баражот, па така секој резултат освен пораз ќе биде добар за Струга ТЛ.
А за Шкупи се знае, чаирчани сакаат што побргу математички да ја “заверат“ титулата, па така и денеска ќе одат на трите бода.
Натапреварот започнува во 15 часот, судија ќе биде Александар Ставрев. Додека сите останати натпревари од ова коло се играат утре.