Tренерот на Ајнтрахт: Штом го елиминиравме Бетис, можеме и Барселона

236

FOTO> Twitter/Eintracht Frankfurt

Од Ајнтрахт Франкфурт се задоволни од ждрепката во Лига Европа, а за противник во четвртфиналето ја добија Барселона. Тренерот на германскиот тим Оливер Гласнер изјави дека се способни да го елиминираат третопласираниот тим во шпанската Ла Лига – Барселона.

Ова можеби звучи како провокација, но штом го елиминиравме петтопласираниот тим во шпанската Ла Лига (Бетис), способни сме да го елиминираме и третопласираниот (Барселона)“, вели Гласнер.

Ајнтрахт го елиминира Бетис со вкупен резултат 3:2. На првиот меч во Шпанија тимот од Франкфурт победи со 2:1, а на реваншот беше 1:1. Барса го елиминира Галатасарај благодарение на победата во Истанбул со 2:1 иако на „Ноу Камп“ беше 0:0.

Екипата, клубот, градот сакаа атрактивен противник и го добија. Барселона дефинитивно е атрактивен противник. Важно е ние да не им се плашиме, зашто навистина сме способни да се пласираме во полуфинале“, додаде тренерот.

ПретходноВо недела почнува 73. сезона во Формула 1: Стартот е во Бахреин
СледноАлиоски постигна фантастичен гол со шут од 20 метри! (видео)