Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски игра добро за Ал Ахли во шампионатот на Саудиска Арабија но за жал неговиот тим никако да врзе неколку добри партии. Вечерва Алиоски реализираше погодок, но неговиот тим го загуби мечот со Ал Хилал.
Џани со фантастичен шут од околу 20-тина метри ја затресе мрежата на противникот во 96. минута, а неговиот тим доживеа пораз од 4:2.
За Алиоски ова е шести гол во првата сезона во шампионатот на Саудиска Арабија.
هدف اليوسكي 🔥💚#الهلال_الاهلي pic.twitter.com/84bZfYXUaG
— اليوسكي | Alioski (@AlioskiJust) March 18, 2022