Лампард ја скршил раката прославувајќи го голот против Њукасл

296

Тренерот на Евертон, Френк Лампард, ја скршил раката додека го прославуваше победничкиот гол на тимот на синоќешниот заостанат меч од Премиерлигата против Њукасл со 1-0.

„Не знам, го направив тоа додека славев гол. Мислам дека само удрив нешто. По две минути сфатив дека раката ми трепери и ме боли. Но, не ми е криво, поради трите бода. Уште колку скршеници сум подготвен да направам пред крајот на сезоната? Можеби по една на натпревар. Овој натпревар беше посебен, а пред неколку недели не ни изгледаше така“, изјавил Лампард.

ПретходноРакометарите тргнаа во поход на Букурешт, Лазаров ги поведе и Серафимов и Костески (ФОТО)
СледноИталијанците не се откажуваат од протоколите: Сите навивачи во Палермо мора да носат маски на стадионот