Откако беа извечени двојките за 1/4 финалната фаза од Лигата на Шампионите, следуваше и здрепката од Лигата на Европа.
Па така, тимот на Ред Бул Лајпциг ќе ја нагости Аталанта, додека пак тимот на Ајнтрахт ќе има за задача да приреди сензација и да ја елиминира Барселона.Вест Хем – Олимпик Лион односно Брага – Глазгов Ренџерс се останатите две двојки.
Победникот од мечот Ред Бул Лајпциг – Аталанта ќе игра како домаќин во полуфиналето со подобриот од мечот Брага – Глазгов Ренџерс. Подобриот од мечот Ајнтархт – Барселона ќе оди на подобриот од мечот Вест Хем – Олимпик Лион.
Финалето е закажано во Севиља на 18 мај.
1/4 финале
Ред Бул Лајпциг – Аталанта
Ајнтрахт Франкфурт – Барселона
Вест Хем – Олимпик Лион
Брага – Глазгов Ренџерс