Навивач го погоди судијата во глава, мечот во Бохум прекинат!

221

Натпреварот од 27. коло на Бундес лигата меѓу Бохум и Менхенгладбах беше прекинат во 71. минута кога гостите водеа со 2:0. Линискиот судија беше погоден со тврд предмет (неофицијално, лименка со пиво) фрлен од трибините поради што мечот беше прекинат. Судиите заедно со играчите заминаа во соблекувалната и не се вратија на теренот. Беше соопштено дека мечот нема да се доигра.

„Некој идиот фрли нешто кон теренот и го погоди судијата во главата. Натпреварот беше прекинат. Глупаво и неодговорно однесување. Идиот, идиот, идиот… Се надеваме дека судијата е добро“, објави Бохум на Твитер.

ПретходноНовиот француски репрезентативец: Бил поштар, месар и чувар, на 25 години дебитира во профи-фудбал
СледноЛуд меч: Вулвс водеа 2:0 на полувреме, а завршија со пораз (видео)