Кошаркарите на Детроит победија на гостувањето кај Орландо со 134:120 во единствениот меч кој синоќа се одигра во НБА лигата. Пистонс со тоа ја прекинаа серијата од четири порази.
Детроит до победата го предводеше Садик Беј, кој постигна рекордни 51 поен во кариерата. Беј го израмни рекордот на франшизата со десет тројки од 14 обиди. Две вечери откако Кајри Ирвинг од Бруклин постигна 16 поени во првата четвртина, Орландо сега му дозволи на Беј да им даде 21 поен во првото полувреме.
Марвин Бегли додаде 20 поени и 11 скока за Детроит, а од друга страна, Орландо го предводеше Франц Вагнер со 26 поени.