Џенова и со играч помалку го совлада Торино, Сасуоло убедлив со Специја (видео)

83

Во италијанската Серија А се одиграа два меча од 30. коло. На „Луиџи Ферарис“ екипата на Џенова впиша важни три бода во битката за опстанок, а совладан е Торино со 1:0. Портанова погоди во 14. минута, а од 24. минута Џенова мораше да игра со фудбалер помалку поради црвениот картон на Остигард.

Но и без него, Џеновјаните, кои се махери за дефанзивен фудбал успеаа да ги запрат „биковите“ и да ја сочуваат мрежата. Да потсетиме претходните седум меча Џенова ги одигра со нерешен резултат, сега конечно се израдуваа на победа.

Џенова има 22 бода и е на претпоследното место и само три бода ги дели од сигурната зона.

Сасуоло ја победи Специја со 4:1. Два гола даде Доменико Берарди, по еден Ајхан и Скамака. За гостите прецизен беше Верде. Сасуоло во последно време игра добро и ефикасно и моментално е на деветтото место на табелата.

ПретходноЛуд меч: Вулвс водеа 2:0 на полувреме, а завршија со пораз (видео)
СледноЛионел Меси не се појавил на тренинг на ПСЖ