Гранада го доби трилерот со Алавес

76

На стартот на денешната програма во шпанската Примера бевме сведоци на еден ретко неизвесен и интересен меч. Помеѓу екипите на Алавес и Гранада, кои гостите го добија со 2:3.

А на стартот на истиот ништо не наговестуваше дека ќе има ваква драма, зачинета со пет гола, сите постигнати во второто полувреме кое имаше десетминутно продолжение.

Домашните имаа шанса да поведат уште во првиот дел но Жоселу промаши пенал. Само што стартуваше второто полувреме Ескудеро погоди за 0:1 во 50. минута, но Ескаланте изамни на 1:1 две минути подоцна. Ваљехо ги доведе домашните во водство пет минути подоцна, но Пуертас во 77. минута израмни на 2:2. Луис Суарез е херојот на Гранада затоа што тој во 87. минута беше стрелец на победничкиот гол за гостите. Рашомонијадата од картони во финишот, два за домашните и три за гостите, како и исклучувањето на Ескандел јасно дава до знаење како финишираше овој дуел.

 

ПретходноПолувреме: Велиновски „тресеше“ во 35 секунда, Тиквеш оштетен, Пелистер води, мајсторија на Менсалао…
СледноПрвиот човек на РФМ, Мукаетов и Милошевски од лице место ги бодрат ракометарите (ФОТО)