Квартараро тргнува од пол-позиција во Индонезија

82

По разочарувачкиот викенд во Катар пред две недели, Фабио Квартаро потсети зошто е светски шампион во Мото ГП и победи во квалификациите за Големата награда на Индонезија, вторaта од годинешниот календар на Мото ГП.

Французинот стигна до својата прва пол-позиција по минатогодишното Каталонско ГП на патеката Мандалика на островот Ломбок. Така го остави зад себе Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а трет беше вториот пилот на Прамак Дукати, Јоан Зарко.

Вториот ред утре ќе го предводи Бред Бајндер (КТМ), а покрај него ќе биде победникот на Гран прито на Катар, Енеа Бастианини (Грезини Дукати). Последен од вториот ред ќе тргне светскиот вицешампион Франческо Бањаја (Дукати).

Трката за Големата награда на Индонезија се вози утре од 8 часот по македонско време.

Претходно„Газета“ тврди: Ридигер се договорил со Јувентус
СледноШампионот не се откажува од титулата се додека математички има шанси за неа!