Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, зборуваше за последиците од разделбата меѓу Барселона и Лионел Меси. Мислењето на Тебас е дека не изгубил клубот, туку играчот.
Барса не успеа да го задржи Аргентинецот поради финансиските проблеми и минатото лето се раздели со него, а тој се пресели во ПСЖ каде не ги оправда очекувањата.
„Секако дека и Барселона загуби, но најмногу загуби Меси. Зборуваме за клуб со повеќе од 100 години историја. Освен тоа, Меси можеше да ужива во крајот на кариерата, доколку ја завршеше таму каде што ја започна“, вели Тебас.
Меси од почетокот на сезоната има 7 гола и 10 асистенции на 26 одиграни натпревари на сите турнири за Пари Сен Жермен. Според неговите стандарди, ова е многу скромен учинок, а неговиот тим испадна и од Лигата на шампионите во четвртфиналето.