Лазаров со една измена за реваншот со Романија, Пасквал подготви „изненадување“!

474

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација денеска (17 часот по македонско време) го игра реванш мечот против Романија за пласман во последниот бараж за Светското првентво 2023 година. Кирил Лазаров и неговите избраници во Скопје обезбедија предност од осум гола (славеа со 30-22), па останува со рутинска игра да го завршат овој меч и да закажат средба со Чешка.

Селекторот, Лазаров за реваншот со Романците направи една измена во составот. На местото на Марко Митев ќе биде Ненад Костески. На списокот остануваат останатите момци кои беа дел од мечот во Скопје.

Како што и се очекуваше, на другата страна предводникот на романската репрезентација Хавиер Пасквал не остави на случјаност, па за денешната средба на располагање ќе го има Хавиер Хумет, десен бек на Динамо Букурешт.

Станува збор за натурализиран Шпанец, кој во Скопје не допатува поради семејна трагедија. Романците одат на се или ништо, очекуваат силна поддршка од трибините за да направат чудо.

Сепак нашите момци се подготвени, нема да се бранат, напротив ќе одат на победа.

„Знаеме дека не чека многу потежок меч од оној во Скопје. Не треба да одиме да ја браниме предноста, туку да победиме. Романците ќе одат на се или ништо, да направат големо изненадување, но ние не треба да потклекнеме, туку она што ќе го договориме да го оствариме на терен. Мислам дека можеби ќе се обидат да изненадат со некоја друга одбранбена зона, можеби со фластер на Кире Лазаров, но во нападот не гледам како би изненадиле, бидејќи тоа се акциите што ги играа, што ги анализиравме и ги видовме и на првиот натпревар во Скопје“, вели изјави Талески.

ПретходноВестбрук ги спаси Лејкерс со тројка во финишот (ВИДЕО)
СледноМанев: Брегалница сака од Битола да се врати со трите бода!