Манчестер Ј. нема да ги продолжи договорите на четворица фудбалери

523

Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се пред заминување од клубот на крајот од сезоната.

Според англискиот печат, летово истекуваат договорите на Пол Погба, Единсон Кавани, Џеси Лингард и Хуан Мата и најверојатно ниту еден од нив нема да остане на „Олд Трафорд“.

Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година и за него како следна дестинација се споменува Италија. Кавани е во својата втора сезона во Јунајтед, но планира враќање во јужна Америка, додека за Лингард има повеќе интересенти од Премиерлигата.

ПретходноОдермат победи на последниот велеслалом сезонава
СледноОјлески: Најважен е пристапот, не смееме да се опуштиме!