Попладнево од 15 часот се играат пет натпрвари од 24.коло во ПМФЛ. Вчера во Струга, лидерот Шкупи со 1:3 ја победи домашната Струга Трим Лум.
Денеска нема класично дерби, па затоа би требало најинтересно да биде на Автокоманда,каде тимот на Скопје по она реми во Ѓорче минатиот викенд, сака и против Шкендија денеска да извади макар бод. Скопје се „остри“ за сеуште актуелниот шампион, кој ако не победи тогаш тоа за него ќе биде рамно на катастрофа.
Тиквеш во Кавадарци го дочекува “пандевци“ кои се во позитивна серија, и кои на последните четири меча немаат примено гол. Ова би требало да биде интересен и квалитетен меч. Формата на двете екипи тоа го најавува.
Ренова и Работнички ќе ги одмерат силите под Шара. Некогаш ова беше големо дерби во ПМФЛ,но денеска не е така. И двете екипи немаат шанси за излез во Европа, а и немаат проблем со опстанокот. Ќе се игра за престиж.
Брегалница гостува во Битола каде против Пелистер ќе атакува на трета победа во серија. Во Велес екипата на Македонија ЃП на гостувањето кај Борец ќе сака да покаже дека ремито со Скопје минатото коло бил само лош ден за нив, и со триумф да ја продолжат битката за излез во Европа.
ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1:3